Новогодишно - василичарска каланда

12+
12+

3 просмотра

11 дней назад

ПожаловатьсяНарушение авторских прав
12+
12+

3 просмотра

11 дней назад

ПожаловатьсяНарушение авторских прав
12+
12+

3 просмотра

11 дней назад

🎶 НОВОГОДИШНО-ВАСИЛИЧАРСКА КАЛАНДА Хор „Митрополит Козма Пречистански“ – Кичево Со длабока почит кон вековната духовна и народна традиција, Хорот „Митрополит Козма Пречистански“ – Кичево ја објави новата новогодишна - василичарска каланда, посветена на празникот на Свети Василиј Велики и благословот на Новата година, за која изработи и прекрасен видео запис. Оваа каланда ја носи пораката за здравје, бериќет и духовна обнова, како што со генерации се пеела при новогодишните благослови од дом на дом. Текстот на новогодишната каланда обединува делови од старата Дебарско-реканска песна и новиот современ и многу поучен текст. Новогодишната каланда изразува еден достоинствен хорски аранжман, создавајќи топла празнична и духовна атмосфера за сите оние кои ја негуваат православната традиција. 🎼 Снимено во студиото на Димитар Андоновски 🎶 Аранжман и оркестрација: Владимир Димовски 🎥 Видео запис, камера, монтажа и режија: Стојан Стојановски 📜 ТЕКСТ НА КАЛАНДАТА „Чук, чук, кој иде?“ – Свети Василиј Чук, чук, кој иде? — Свети Василиј. Од кај иде? — Од Кесарија. Што носи? — Здравје и бериќет од Господа. Сурова година, весела година, голем клас на нива, голем грозд на лоза, црвено јаболко в градина, живо и здраво до година. До година — до амина. Среќна и бериќетна Нова година. Почнува Нова година на Божјата милостина, и со споменот на свети и блажен Василиј Велики. Со арно нека почнеме во Христа живот обновен, далеку од зло и прелест, и украсени со доблест. И во просвештението според Евангелието, и со љубов и во светост да сведочиме пред светот. Среќна ви Нова година со чиста душа, спокојна, и со радост и со славје, и догодина со здравје. 🎄 Среќна и бериќетна Нова година — со здравје и радост во секој дом! 🎬 ЕКИПА И УЧЕСНИЦИ Режија, камера и монтажа: Стојан Стојановски Асистент на камера: Александар Николовски Продукција: 2С Студио Изведба: Хор „Митрополит Козма Пречистански“ и голем број статисти кои со своето присуство создадоа вистинска новогодишна атмосфера. 🎻 Инструменталисти: Кларинет – Игор Бакревски Клавијатури – Вера Поповска Виолончело – Дејан Цветковски Контрабас – Коста Стеваноски Виолина – Димитар Андоновски Лаута и уд – Петар Христов Перкусии - Антоние Вешковски 🎧 Аудио снимање и постпродукција: Андоновски Мјузик Продуцент, микс и мастер: Димитар Андоновски 🙏 БЛАГОДАРНОСТ ДО: Етно Ресторан Дедо Димо Месна заедница Куратица ПОУ Ванчо Николески Манастир Пречиста Бигорски манастир Манастир Пречиста - Кичевска коњаница 2С Студио / Livestream.mk Хотел Блубел Тамаро маркет АД Жито Леб КУД Бисер

Название:

Новогодишно - василичарска каланда

Категория:

Разное