Изложба на уметникот Мицко Мице Јанкуловски
Љубителите на уметноста, во Уметничката галерија во Тетово, ќе можат да ја погледнат самостојната изложба на ликовниот уметник, Мицко Мице Јанкуловски. Изложбата е по повод неговото 50-годишно творештво, а истата ја красат дела кои во фокусот ја имаат црната боја.